Централната банка на Босна и Херцеговина оствари добивка од 21,4 милиони евра со набавка на два тона злато

Централната банка на Босна и Херцеговина минатата година купила дополнителни два тона злато, а сегашната добивка по таа основа изнесува 21,4 милиони евра, објави банката.

Во соопштението се наведува дека минатата година, согласно новата стратешка определба, банката го зголеми учеството на монетарното злато во вкупното портфолио на девизните резерви со откуп на дополнително количество злато.

Според податоците на крајот на февруари, учеството на монетарното злато во вкупните девизни резерви на Централната банка изнесува околу 3,5 отсто.

Златото, како средство кое се претпочита за заштита од геополитички и финансиски ризици, има позитивен придонес во диверзификацијата на портфолиото, чија цел е заштита од финансиски и кредитен ризик, пренесува Капитал.