
Гувернерот на Централната банка на Турција (TCMB) Фатих Карахан изјави денес во Истанбул дека банката очекува инфлација од 28 проценти на крајот од оваа година, што претставува зголемување во споредба со 26 проценти од претходната проекција.
Карахан изјави дека зголемената прогноза се должи на геополитичката неизвесност поврзана со војната на Блискиот Исток и промените во цените на храната и енергијата, пренесува Блумберг.
Турција е голем увозник на нафта, па затоа порастот на светските цени на енергијата е особено проблематичен за нејзината инфлација, додава агенцијата.











