Централниот регистар ги отвора вратите за граѓаните

22

Отворени врати на Централниот регистар на Република Македонија, е проектот кој започнува од денеска во оваа институција. Директорот на Централниот регистар, Ванчо Костадиновски, ќе го објави распоредот за одржување на проектот низ градовите.
Планираната акција ќе се спроведува во регустрационите канцеларии на Централниот регистар низ цела Македонија, а има за цел да даде одговор на сите тековни отворени прашања на граѓаните, како и да им ги доближи новите проекти на оваа институција, како што се Системот за Е-потврди, регистрација на фирма преку регистрациони агенти, онлајн поднесување на годишни сметки и многу други.