ЦеПроСАРД отвара Тренинг центар за спроведување обуки

58

Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (ЦеПроСАРД) денеска ќе го промовира Тренинг центарот за спроведување обуки.

Овој Тренинг центар е направен по принципот на енергетска ефикасност, и во него е инсталирана специјална опрема за искористување обновливи извори на енергија.

На учесниците во обуката ќе им биде овозможено практично да видат што всушност значи енергетски ефикасна градба.

Центарот, кој што има капацитет од 35 места и сертифицран тим за спроведување обуки од различни области, е воспоставен во рамки на проектот Агроенергија, со поддршка на Кралството Шведска.