Чадеж: Ќе иницираме договор со владите во регионот за поедноставување на процедурата за увоз на работна сила

83

Заеднички проблем на економиите на Западен Балкан е недостатокот на работна сила и затоа ќе иницираме договор со владите во регионот за поедноставување на процедурата кога станува збор за увоз на работна сила, рече претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

По средбата со бизнисмените од бизнис асоцијацијата „Бизнис центар“ Јелах – Тешањ од Босна и Херцеговина, тој рече дека се работи на дообука и развој на дуално образование, но дека сето тоа се решенија кои не можат да чекаат, бидејќи доколку бизнисите згаснуваат, ќе немаме доволно работници.

Тој, како и претседателот на бордот на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан, објасни дека причината за одржувањето на средбата во Тешањ е што иако е мала општина со нешто повеќе од 43.000 жители, има повеќе од 120 различни видови производство, а на тоа место свои фабрики отвораат бројни големи компании од БиХ и Европејци.

КИФ, како што рече, уште посилно ќе инсистира регионалниот пазар на труд да профункционира што е можно поскоро, не само во рамките на Иницијативата „Отворен Балкан“ и трите земји Северна Македонија, Албанија и Србија, туку и останатите економии што поскоро да се приклучуваат.

„Разговаравме и за скратување на синџирите на снабдување и заеднички пристап на регионалните компании кон меѓународните партнери, бидејќи се повеќе компании од Европа бараат добавувачи кои можат да произведуваат за нив во регионот. Договоривме заедничка соработка, а првиот чекор е Извршниот самит InterConnect во Белград, каде ќе дојдат повеќе од 30 европски клиенти од областа на ИТ, автомобилската индустрија, метал, електрична енергија и производство на храна“, рече Чадеж.

На средбата, исто така, беше договорено да им се овозможи на компаниите од регионот да ги користат ресурсите и претставништвата на Српската стопанска комора и Надворешно-трговските комори на Босна и Херцеговина во странство со цел поврзување на регионалните компании со светските компании.