Чак Норис инспирација за кафуле во Загреб

18

noris

Во Загреб е отворено ново кафуле, а главен мотив е Чак Норис. Реакциите на гостите се многу позитивни, затоа што, како што вели сопственичката на Норис кафе, Лаура Чубрило, сфаќаат дека се работи за добра шега.

Норис кафе, на чии ѕидови се наоѓаат фотографии од овој актер, на гостите им нуди десетина видови кафиња, смути пијалоци, кроасани, мафини, колачиња…, пишува Пословни дневник.

Лаура и сопругот планираат наскоро да основаат и здружение Чак Норис за промоција на ненасилство меѓу децата и младите.