Швајцарскиот бренд за луксузни часовници, Richard Mille пред само неколку недели ја прослави 10-годишната соработка со тенискиот ас Рафаел Надал. Како “круна“ на таа соработка дојде all-new RIM 27-04 watch, чија цена е 1.050.000 долари, пишува Forbes.
Надал во Париз го освои својот 20-ти грен слем, а во таа пригода го носел токму овој часовник.
Брендот инсистира неговите заштитни лица да ги носат нивните часовници во јавност.
Часовникот на Надал е еден од најкомплицираните часовници што досега биле изработен, тежи само 30 грама, а е отпорен на било какви удари, што го прави неуништлив.
Од овој модел досега се изработени само 50 во светот.
Фото: Facebook