Чекајќи ја ЕЦБ: На берзите падна сè, освен златото

14

Европската централна банка денеска одлучува за каматните стапки, па инвеститорите чекаат промени

Денеска европските берзански индекси се во најголем дел во пад, падна и цената на нафтата, а поскапеа само златото и пченицата. Инвеститорите и трговците чекаат што ќе одлучи Европската централна банка (ЕЦБ), која денеска во 14:15 часот ќе ја соопшти одлуката за референтните каматни стапки.

Цената на референтната американска сурова нафта WTI на берзата падна на 78.921 долар, а на европскиот брент на 82.734 долари.

Фјучерси на гас во Европа се продаваа на отворањето на берзата за холандскиот центар ТТФ по цена од 26.260 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.158,72 долари за унца, а на пченицата на 5.2350 долари за бушел.