Челниците на Air France останаа без кошули откако одлучија да скратат 2.900 работни места

26

air france direktor bez kosula

Околу 100 вработени во францускиот авиопревозник Air France кои штрајкуваат, го радикализираа својот гнев. Тие упаднаа на состанокот на менаџментот на компанијата и им ги скинаа кошулите на извршните директори, пишува The Guardian.

Авиокомпанијата поднесе кривични пријави против лицата кои упаднаа во седиштето на Air France во близина на аеродромот Шарл де Гол во Париз.

Тензиите меѓу раководството на Air France и вработените започнаа викендов, поради контроверзниот “план за реконструкција“, којшто вклучува намалување на 2.900 работни места до 2017 година. Во таа бројка влегува персонал од 1.700 лица кои работат на земја, 900 вработени во авионите и 300 пилоти.