Чернобил можеби ќе се трансформира во најголема соларна електрана во светот

41

cernobil

Една од најпознатите нуклеарки – Чернобил наскоро би можела да прерасне во најголемата соларна електрана во светот, пишува Electrek.co.

Во Чернобил се случи голема нуклеарна катастрофа на 26-ти април 1986 година, па од тогаш местото се смета за зона со висока радијација и огромна штетност по здравјето на луѓето. Но, украинскиот министер за животна средина неодамна изјави дека тамошната влада е во преговори со две инвестициски компании од САД и четири канадски енергетски фирми, коишто изразиле интерес за соларниот потенцијал на Чернобил.

“Чернобил има голем потенцијал кога станува збор за обновливите извори на енергија. Веќе има доводи за трансмисија на електрична енергија со висок напон, што претходно се користеа за нуклеарката, земјиштето е многу евтино и располагаме со стручни луѓе кои имаат искуство со работа во централа. Ние ги имаме основните европски приоритети, што подразбира најдобри стандарди усогласени со животната средина и амбиции за производство чиста енергија“, вели украинскиот министер за животна средина, Остап Семерак.

Соларната електрана сместена во Чернобил би имала инсталирана моќност од 1.000 MW, а планирана е и изградба на електрана на биогас со моќност од 400 MW.