Електричниот Chery Omoda 5 EV ќе се продава на европските пазари заедно со верзијата со внатрешно согорување
Chery објави нови фотографии и детали за Omoda 5 EV на Женева автосалонот кој се одржува во Катар, пред да се појави во Европа и на другите пазари следната година.
Omoda 5 EV првпат беше претставен на Саемот за автомобили во Шангај претходно оваа година, но оттогаш малку детали и информации беа споделени во јавноста. Chery од Катар потврди дека автомобилот стандардно доаѓа со батерии од 61 kWh кои го напојуваат електричниот мотор поставен на предните тркала со 204 КС.
Теренецот Omoda 5 со погон на внатрешно согорување не е особено брз, така што не е изненадување што ниту електричната варијанта не е перформансна „ѕверка“. Сепак, може да достигне 100 км/ч за респектабилни 7,6 секунди и има опсег на движење од 450 километри со едно полнење. Електричниот SUV поддржува брзо полнење од 110 kW DC што му овозможува да се полни од 0-80% за 30 минути.
Стилски елементи
Неколку промени во стилот го разликуваат Omoda 5 EV од обичниот модел. Овие промени се најочигледни од предната страна каде што е отстранета експанзивната решетка на моделот со внатрешно согорување и заменета со обоена површина со остри линии. Долната решетка на Omoda 5 EV е исто така уникатна и се одликува со вертикални отвори. Дизајнерите, исто така, ги изменија LED фаровите, додадоа големи букви Omoda и ја сменија формата на главните светлосни групи.
Направени се и некои измени на задниот дел. На пример, задниот спојлер е малку поинаков и го има препознатливото брендирање на Chery на светлосната лента. Присуството на електричен погон, исто така, и овозможи на марката да ги отфрли издувните цевки од стандардниот модел и да ги замени со едноставен црн браник.
Лансирањето на Omoda 5 EV доаѓа само неколку месеци откако Chery потврди дека брендот Omoda се упатува кон европските пазари каде ќе биде достапна и електрична и верзија со внатрешно согорување. Моделот со внатрешно согорување е опремен со 1,6-литарски турбополнач со четири цилиндри кој испорачува 197 КС и 290 Nm вртежен момент.
Преземено од Avtoplus.mk