Чешка ќе го добие првиот малолетен претприемач, затоа што судот во Чешке Будејовице му дозволи на 16 годишен ученик да основа фирма. Младото момче ќе работи во областа на маркетингот и интернет продажба. Михал Прахар на почетокот на минатата година поднел барање да му се дозволи да се занимава со претприемништво, а судот одлучил дека има добра идеја за тоа што сака да работи и дека е свесен какви обврски ќе има, пишува novinky.cz.
Прахар планира да започне неколку проекти, како што се интернет магазин со информации за едукација, бизнис или патувања.
Фото: Марек Подхора