Чешка го доби првиот малолетен претприемач

32

pracharЧешка ќе го добие првиот малолетен претприемач, затоа што судот во Чешке Будејовице му дозволи на 16 годишен ученик да основа фирма. Младото момче ќе работи во областа на маркетингот и интернет продажба. Михал Прахар на почетокот на минатата година поднел барање да му се дозволи да се занимава со претприемништво, а судот одлучил дека има добра идеја за тоа што сака да работи и дека е свесен какви обврски ќе има, пишува novinky.cz.

Прахар планира да започне неколку проекти, како што се интернет магазин со информации за едукација, бизнис или патувања.

Фото: Марек Подхора