Чешка Кофола заинтересирана за Раденска

21

radenskaЧешкиот произведувач на безалкохолни пијалоци Кофола е заинтересиран за купување на Раденска, најголемиот словенечки производител на минерална вода, со што сака да направи продор на балканскиот пазар, пишуваат Финанце и Hospodářské noviny. Преговорите се во почетна фаза. Претседателот на управата и мнозински сопственик на Кофола, Јанис Самарас за чешкиот весник не го коментирал потенцијалното преземање, но потврдил дека ја проучуваат можноста за влез на балканскиот пазар. Меѓутоа, претседателот на управата на Пивоварна Лашко, во чиј состав работи Раденска, Душан Зорко, инсистира дека компанијата не се продава, и покрај долгот од 370 милиони евра.

“Се продава се што не спаѓа под основна активност на компанијата. Продажбата и производството на пијалоци не планираме да ги разбиваме, тие остануваат како целина”, вели Зорко.

Кофола е присутна на чешкиот, словачкиот, полскиот и рускиот пазар, а неодамна се проби и на пазарите во Австрија и Германија.