Чешката енергетска компанија ги надомести намалените испораки на гас од Газпром

56

Чешката енергетска компанија ЧЕЗ денеска соопшти дека намалувањето на испораките на гас од руски „Газпром“ го компензирала со количини од други извори.

„Газпром“ не информираше за намалувањето на испораките, тоа се однесува само на мал дел од нашето снабдување директно од „Газпром“. Го надоместивме гасот од други извори“, рече ЧЕЗ како одговор на истрагата на Ројтерс.