Четири дена екстра одмор за непушачи

96

Вработени во агенција за вработени во британскиот град Свиндон добиле дополнителни четири дена годишен одмор под услов да не пушат на работа, пишува ВВС.

KCJ Training and Employment Solutions од градот Свиндон сака да ги награди работниците кои не пушат, наместо да ги казни пушачите. Зад оваа одлука стои генералниот директор Дон Брајден, кој и самиот е пушач.

“Ја донесовме одлука и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата. Никој не е дискриминиран. Немам ништо против паузата за пушење и не барам работниците да се откажат. Но, ако станува збор за три паузи за пушење дневно, тоа е еквивалент на 16 работни денови и два часа годишни ако работниот ден трае осум часа“, вели Брајден.

Некој од вработените го прашал дали ако не пуши три месеци, ќе добие слободен ден, на што Брајден одговорил потврдно. Според него, здравото работно место е посреќно работно место.

Неодамна, јапонската компанија Piala Inc. на своите вработени, кои не се пушачи, им понуди дополнителни шест дена одмор годишно.

Фото: Pexels