Дополнителни шест дена одмор за непушачи во компанија во Јапонија

32

Јапонската компанија Piala Inc. на своите вработени, кои не се пушачи, им нуди дополнителни шест дена одмор годишно. Тоа е еден вид компензација во однос на нивните колеги пушачи кои во текот на работниот ден неколку пати прават пауза за цигари.

“Се надевам дека со оваа одлука ќе ги поттикнеме вработените да престанат да пушат, а не да ги присилиме на тоа“, вели Такао Асука, извршен директор на компанијата.

Потегот, засега, дава позитивни резултати бидејќи двајца од вработените, кои биле пушачи, ја оставиле таа лоша навика. Сепак, повеќе им значат дополнителните денови одмор.

Фото: Pixabay