Четири главни разлики помеѓу успешните и неуспешните луѓе

94

izvicnik-prasalnici-pixabay

Фото: Pixabay

Тешко дека ќе направите разлика помеѓу успешниот и неуспешниот човек, бидејќи тие всушност се разликуваат “само” во нивните навики:

1. Успешните ја прифаќаат одговорноста за сопствениот неуспех. Неуспешните ги обвинуваат другите.

Како деца сигурно ви се случило да направите нешто погрешно, па со цел да се заштитите од последиците, покажувавте со прстот на првиот до себе. Некои луѓе и во зрелата возраст се уште го задржале овој став, не ја сносат одговорноста и ги обвинуваат другите. Лошата работа за нив е што со таквото однесување никогаш нема да научат од грешките, а грешките се најголемата школа.

2. Успешните читаат, неуспешните гледаат телевизија.

Не е никаква тајна дека читањето ве прави помудри и го проширува умот, додека гледањето телевизија го затупува мозокот и го стопира развојот на мислите. Успешните луѓе минимално гледаат телевизија, додека за читање одделуваат многу повеќе време. Не сакаат да го губат времето, а телевизијата е огромен “трошач“ на време.

3. Успешните изразуваат благодарност, а неуспешните не.

Многу луѓе другите ги земаат “здраво за готово”, а од нив имаат очекувања. Кога некој ќе направи нешто за нив, не изразуваат благодарност и почит. Тоа е егоистичен начин на однесување со којшто се губат пријатели. Од друга страна, луѓето кои покажале благодарност многу често успеваат во животот и другите сакаат да им помогнат. Неверојатно е колку едно обично “благодарам” може да ви помогне во животот.

4. Успешните им посакуваат успех на другите, неуспешните им посакуваат пораз.

Луѓето што потајно им посакуваат неуспех на другите веројатно ќе бидат третирани на истиот начин. Погрешно е да се мисли дека успехот е создаден само за вас и дека ако успеат другите луѓе, за вас нема да има место. Напротив – ако постојано се поддржуваат и поттикнуваат другите, не само што ќе биде полесно да се постигне успех, туку тоа се враќа на истиот позитивен начин.