Четири илјади милијарди долари штета на американските компании поради коронавирусот

42

Инвеститорот Реј Далио смета дека коронавирусот ќе ги чини американските компании околу четири илјади милијарди долари, а “голем број луѓе ќе банкротираат“, пишува CNBC.

“Она што се случува сега, се нема случено досега во нашиот живот… Она што имаме сега е криза. Исто така, ќе има голем број на поединци кои ќе загубат многу пари. Сега се отвори потребата државата да потроши многу пари“, вели тој.

Вкупната вредност на бруто домашниот производ на САД во 2019-та година беше 21 илјада милијарди долари, а Далио смета дека глобалната економија ќе загуби 12 илјади милијарди долари како последица од пандемијата на коронавирусот.

Фото: Pexels