Четири начини за трговците на мало да се прилагодат на иднината

66

Трговијата на мало е еден од најтешко погодените сектори како резултат на пандемијата „Ковид-19“, која го доведе БДП на еврозоната на рекордно ниско ниво по војната. Со наглото зголемување на уделот на онлајн купувањето и промената во изборот на луѓето да купуваат локално поради зголемениот број работници од дома, традиционалните трговци во центарот на градот го почуствуваа најголемиот удар.

Ограничувањата (во некои земји) почнаа да слабеат и општеството повторно се отвори. Но, иако „физичките“ трговци веќе закрепнуваат кога се споредува стапката на раст на е-трговијата со офлајн пазарот, бројките зборуваат сами за себе – уделот на е-трговијата е многу пати поголем од физичката.

Во оваа ситуација, прашањето не е дали луѓето ќе продолжат да купуваат електронски, туку колку често ќе купуваат, колку ќе потрошат за купување и како нивните новостекнати навики за купување ќе влијаат на нивното купување во физичките продавници.

Во променливата средина за малопродажба, јасно е дека трговците на мало треба да размислуваат поинаку за да создадат попривлечно искуство за клиентите.

Испитувајќи го променливиот пејзаж во малопродажбата, идентификуваме четири начини на кои трговците на мало можат да се прилагодат на иднината.

1. Поврзете ги кликовите со физичките адреси

Трговците на мало да ги претворат продавниците во мини дистрибутивни центри, каде што клиентите можат да нарачуваат онлајн и или да ги подигнат своите набавки од продавницата или да договорат итна испорака. 34% од трговците пријавуваат зголемување на приходите откако понудиле онлајн услуга за нарачка и наплата. Алтернативно, трговците можат да исполнуваат нарачки, од стоките што ги имаат на залиха и потоа да ги дистрибуираат преку различни услуги за испорака.

2. Да прифатат безготовинско тргување

За време на строгите ограничувања поврзани со Ковид-19, купувачите се чувствуваа многу удобно со побрзите опции за бесконтактни плаќања, кои ги сметаат за побезбедни и похигиенски. Паметните трговци истражуваат опции што им овозможуваат на потрошувачите да плаќаат според нивниот претпочитан метод – без разлика дали користат картичка, телефон или дури и преносливи технологии како што се паметните часовници.

3. Општествена одговорност

Трговците кои покажуваат општествена одговорност за време на пандемија ќе добијат повеќе клиенти кога животот ќе се врати во нормала. 62% од потрошувачите велат дека етичките практики, како што се правичната плата, придонесот на заедницата и грижата за животната средина, стануваат сè поважни за нив како резултат на пандемијата. Ова чувство е најизразено кај купувачите на возраст меѓу 18 и 34 години, а 64% изјавиле дека ќе ги поддржат бизнисите кои покажуваат општествена одговорност.

4. За одржување на профили во социјалните мрежи

Повеќето социјални платформи ја прифатија можноста за „социјално тргување“. Facebook, Instagram и Snapchat веќе воведоа функции за е-трговија, а TikTok ги тестира функциите за е-трговија во Европа. Но, треба да изгледате компетентно и посветено. Успехот на маркетингот на социјалните медиуми лежи во привлекување на корисниците со содржина што резонира со самите нив. Тоа значи дека дури и продажната содржина мора да биде насочена кон интересите на потрошувачите и да одговара на платформата на која е објавена.

Генерално, тешко е да се предвиди иднината на малопродажбата, имајќи предвид дека пандемијата толку многу го забрза растот на е-трговијата што старите правила повеќе не се применуваат. Но, сигурно е дека новиот пазарен прозорец е местото каде што е вниманието на клиентите, во секое време. И способноста на трговците да го привлечат тоа внимание и да ја искористат оваа минлива можност ќе биде клучна за успехот во новиот трговски свет.