Четири од пет работни места во светот загрозени од корона кризата

106

Вкупно 81% од глобалната работна сила од 3,3 милијарди луѓе се соочија со целосно или делумно затворање на работните места, пишува ВВС.

Предвидените рестриктивни мерки за заштита доведоа до затворање на многу компании, со што вработените остануваат привремено или постојано без работа.

“Работниците и компаниите се соочуваат со катастрофа, и во развиените и во земјите во развој“, вели Гај Рајдер, генерален директор на Интернационалната организација на работна сила, што претставува агенција на Обединетите нации.

Забраните за движење се очекува да “избрише“ околу 6,7% од работните часови во светот во текот на вториот квартал од оваа година. Тоа е еднакво на 195 милиони вработени со полно работно време што ќе си ја изгубат работата.

Според податоците, највисок ризик во поглед на губење на работни места имаат секторите: трговија на мало (14,5%), производство (13,9%) и сместување и храна (4,3‚%). Во “златна“ средина се наоѓаат: транспорт (6,1%), забава (5,4%), финансии (1,6%) и градежна (7,7%), додека во безбедната зона се сместени: земјоделие (26,5%), здравство (4,1%) и едукација (5,3%).

Фото: Pixabay