Четири задолжителни чекори при промена на кариера

146

Во животот доаѓа време кога треба да се направат големи промени во кариерата. Веќе подолго време не сте задоволни со тоа што го работите и крајно време е да побарате подобра опција. Сепак, не треба да избрзувате.

За да не направите непроправлива грешка следете ги следниве четири чекори.

Селектирајте што не ви се допаѓа на моменталната позиција

За почеток, треба добро да знаете што не ви се допаѓа на моменталното работно место. Преку анализирање на проблемот ќе може да се фокусирате на нови можности што би ве направиле посреќни. Можеби не ви се допаѓа работатa во голема компанија или обратно… останува да направите добра анализа и самите да одлучите што сакате.

Контактирајте со многу луѓе

Вмрежувањето, одењето на разни настани е добар начин да се запознаат нови луѓе, но и да се најде нова работа. На тоа треба да работите постојано, особено пред да почнете активно да градите нова кариера. На тој начин веќе ќе имате поширок круг на познаници и пријатели, па целиот процес ќе биде полесен. Исто така, треба да имате свој профил на LinkedIn и да се приклучувате кон други групи. Дури 84% од работодавачите ги користат социјалните медиуми кога ги одбираат кандидатите.

Ново резиме

Добро размислете што треба од досегашните успеси и достигнувања да вклучите во новото резиме. Откако ќе го “освежите“, запознајте ги потенцијалните работодавачи со вашите вештини и таленти. Сепак, потрудете се резимето да биде кратко и да ги содржи само релевантните информации во врска со вашето работно искуство, односно да се истакне од мноштвото што пристигнуваат на нивните адреси.

Обезбедете заштеда

Неопходно е да имате заштедено пари настрана. Не се знае колку време ќе треба додека обезбедите нова работна позиција и секако нова плата. Можно е и да добиете отказ доколку шефот дознае дека барате нова работа, па ситуацијата да биде малку покомплицирана. Што повеќе пари имате на сметка, толку поголеми се шансите да најдете подобра работа, односно да не мора да прифаќате секакви понуди.

Фото: Pexels