Четири земји од регионот меѓу најубавите 40 држави во светот

118

Словенија, Хрватска, Црна Гора и Грција се најдоа меѓу 40-те најубави држави во светот, според магазинот Conde nast Traveller.

Според магазинот, Словенија е земја во којашто има многу работи што може да се видат – од Алпи до езерото Блед.  За Хрватска се вели дека е земја на прекрасни пештери, полиња и бели песочни плажи. За црногорското крајбрежје, магазинот пишува дека е најубава средба на копното со морето. Иако Грција е препознатлива по архитектурата во Атина и прекрасните фотографии од Санторини, сепак може да понуди многу повеќе поради над 6.000 острови и други убавини.

На листата на магазинот, освен овие земји до регионот, се најдоа и: Колумбија, Мароко, Индија, Јужна Африка, Турција, Италија, САД, Шри Ланка, Перу, Сејшелите, Бразил, Непал, Оман, Боцвана, Венецуела, Кипар, Португалија, Филипини, Чиле, Финска, Намибија, Мексико, Шпанија, Маурициус, Швајцарија, Норвешка, Канада, Доминикана, Австрија, Исланд, Јапонија, Тајланд, Кенија, Австралија, Костарика и Нов Зеланд.

Фото: Pixabay