Четиринаесетгодишно момче сопственик на три старт – ап бизниси

46

jordan casey

Џордан Кејси од ирскиот град Ватерфорд на Веб самитот го претстави неговиот трет старт – ап бизнис. Она што е посебно интересно е што Џордан има само 14 години.

Неговата компанија се вика Eventzy, а претставува веб сервис и апликација што на корисниците им го олеснува организирањето на настани.

“Луѓето можат да креираат настани на страницата или да ги додадат на Facebook преку апликацијата. На корисниците им овозможува и креирање на сопствен систем за влезници, организација и распоред на настаните“, тврди младиот претприемач за Irishtimes.

Софтверското решение моментално е во бета фаза и ќе биде лансиран следната година.

“Ќе има бесплатна верзија за помали настани и верзија што ќе се наплаќа, а која ќе биде наменета за големи корпоративни настани“, вели тој.

Претходните две компании на младиот Кејси се Teachware и Casey Games.