Четврто семејство доби поддршка од фондацијата Child & Famiy и Lyoness Македонија

19

14516356_1212654032132545_3181176340204264149_n

Четиричленото семејство Младеновски од скопското село Стајковци е четвртото семејство кое од неодамна ја ужива поддршката од фондацијата Child & Famiy и Lyoness Македонија, како семејство чиј дом претрпе оштета од поплавата што го погоди Скопје.

На барање на родителите, а со цел обезбедување на услови за што побрзо нормализирање на условите на живот, особено за двете дечиња, семејството доби плински шпорет и персонален компјутер, што донесе огромна насмевка на лицата на малите Виктор и Златко.

Семејството Младеновски на вистински позитивен начин ја доживеа можноста да биде дел од големиот корпоративен филантропски проект на Lyoness, којшто има за цел да понуди поддршка на луѓе кои имаат најголема потреба од тоа. Согласно веќе почнатиот проект, Child & Famiy и Lyoness Македонија направија напори и обезбедија одреден износ на средства за купување на нови електронски апарати за домаќинство како помош за вкупно шест семејства чии домови беа погодени од поплавата.

Lyoness и понатаму продолжува да се активира и да служи како пример за сектори во сферата на корпоративното делување, особено кон комплетна реализација на веќе започнатиот проект, со обезбедување на потребни апарати за домаќинство за уште две семејства погодени од поплавата.