Chevap Rolls – хрватска гастрономска иновација

36

1

Ресторан во Загреб нуди невообичаен спој на палачинки и ќебапи, а зад оваа гастрономска комбинација стојат Мартина Жупаниќ и Ива Пехар.

Chevap Rolls се ќебапи роловани во палачинки, храна која го привлече вниманието на Хрватите, но и на странските туристи.

“Идејата за ChevapRolls ја базирав на едноставно прашање: како од најпопуларното јадење на овие простори, ќебапите, да креирам храна што се јаде во движење? Може ли основниот вкус на ќебапите да се збогати со нови нијанси? По многу експериментирање и со помош на доброволнци – дегустатори, светлото на денот го здогледаа ChevapRolls”, вели Жупаниќ за Пословни дневник.

Сопственичките на ресторанот велат дека се отворени за соработка и дека веќе преговараат со неколку заинтересирани страни за франшиза.

2