Американскиот енергетски гигант, Chevron соопшти дека е постигнат договор за купување на сите акции од компанијата Noble Energy, со седиште во Хјустон, за пет милијарди долари.
Понудената цена на акциите за Noble Energy изнесува 10,38 долари, што претставува премија од 7,5% во однос на нивото на коешто Noble Energy го затвори тргувањето на Wall Street во петокот, пренесува Reuters.
Кога во договорот ќе се вклучи и долгот на Noble Energy вредноста на целиот договор би можело да изнесува околу 13 милијарди долари. Со имотот на оваа компанија, Chevron ќе го прошири своетo присуство во Колорадо, Тексас и Ново Мексико.
Фото: Facebook