
Акциите на Комерцијална Банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, НЛБ Банка Скопје и Стопанска банка Скопје се петте најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во април, покажува Месечниот статистички билтен.
Со акциите на Комерцијална Банка направени се 630 трансакции, со просечна цена од 28.433,26 денари и промет од 2.682.227 евра. По нив со 456 трансакции со просечна цена од 26.973,42 денари и промет од 2.575.668 евра следат акциите на Алкалоид, а зад нив со 107 трансакции со просечна цена од 103.680,48 денари и промет од 504.973 евра се акциите на Макпетрол.
Меѓу петте најтргувани акции се најдоа и акциите на НЛБ Банка со 70 трансакции со просечна цена 57.905,53 денари и промет од 291.524 евра и Стопанска банка со остварени 91 трансакции со просечна цена од 2.523,06 денари и промет од 241.882 евра.