Чија акција достигна просечна цена од 85.883 денари во 2020 година?

46

Во текот на минатата година, просечната цена на една акција на Реплек беше 85.883,70 денари. Нејзината максимална цена во текот на тргувањето во 2020 година достигна 104.000 денари, а минималниот износ ѝ беше 79.000 денари, покажува Годишниот статистички билтен на Македонска берза.

Номиналната вредност на акциите на Реплек е 562,42 евра, а издадени се 25.920 акции.

Втора највисока просечна цена на акциите во теко на тргувањата во 2020 година беше онаа на Макпетрол, достигнувајќи 67.741,70 денари. Номиналната вредност на акциите на Макпетрол беше 511,29 евра, максималната цена беше 82.000 денари, додека минималната цена достигна 43.258 денари.

Акциите на Фершпед се трети по ред кога станува збор за највисока просечна цена и тоа во износ од 65.490,61 денари. Нивната номинална цена е 37.400 денари, додека во текот на тргувањето лани достигна максимални 75.000 денари и минимални 53.460 денари.

Фото: Freepik