Чија војска во светот има најголеми трошоци?

80

На глобално ниво, трошоците за безбедност надминаа 1,78 илјади милијарди долари во 2018 година, што е за 2,6% повеќе во однос на претходната година.

Порталот Howmuch.net направи анализа на трошоците што секоја земја ги одвојува за одбрана на националните граници.

Како земји кои имаат највисоки трошоци за одбрана се: САД со 649 милијарди долари, Кина со 250 милијарди долари, Саудиска Арабија со 67,6 милијарди долари, Индија со 66,5 милијарди долари и Франција со 63,8 милијарди долари.

Од друга страна, земји со најниски трошоци за безбедносните сили се: Хаити со 79,8 илјади долари, Кабо Верде со 10,7 милиони долари, Гамбија со 11,5 милиони долари, Либерија со 15,8 милиони долари и Тимор Лесте со 20,6 милиони долари.

Од земјите во регионот, Грција е лидер по трошоци за одбрана во висина од 5,2 милијарди долари. По нејзе следуваат: Бугарија со 1,1 милијарда долари, Србија со 904 милиони долари и Хрватска со 890 милиони долари. Словенија за одбрана на државата одвојува 529 милиони долари, Босна и Херцеговина 221 милион долари и земјава со 117 милиони долари. Со најниски трошоци за одбрана е Црна Гора, чија војска лани потроши 83,8 милиони долари.

Фото: Pixabay