Чиле почна да прифаќа апликации од заинтересирани за истражување на литиум

10

Чиле почна да прифаќа апликации од заинтересирани за истражување на литиум со цел да развие до пет нови рударски проекти за оваа руда во земјата, соопшти  владата во Сантијаго.

Чилеанската министерка за рударство Аурора Вилијамс изјави дека целата процедура ќе трае околу 60 дена и додаде дека ќе биде објавен тендер доколку повеќе компании изразат интерес за такво истражување, пренесе Ројтерс.

Таа рече дека владата има за цел да издаде дозволи за нови проекти до крајот на годината, доколку нема потреба домородните заедници да потпишат согласност.