Чинкве тере ќе наплаќа казни до 2.500 евра за туристи кои носат апостолки

22

Фото: Pixabay

Властите во познатото туристичко место во Италија, Чинкве тере (Cinque terre), на туристите им забранува да носат апостолки, сандали и чевли со високи потпетици. За оние кои нема да бидат соодветно облечени ќе следуваат казни до 2.500 евра, пишува The Local.it.

“Проблемот е во тоа што туристите мислат дека се на крајбрежје на море, а тие се наоѓаат на патеки над селата што планински. Поради тоа ја започнавме оваа кампања“, вели Патрисио Скарпелини, управник на Националниот парк Чинкве тере.

Често пати се случува, луѓе кои не се соодветно облечени да се повредат, па се ангажираат спасувачки екипи од Џенова. Овие екипи доаѓаат да ги спасуваат туристите со хеликоптери, што чини и до 5.000 евра на часа.

Чинкве тере е национален парк што е дел од крајбрежјето во северниот дел на Италија и во негов состав се пет мали села.