Членките на ОПЕК + ги покануваат другите земји да им се придружат

27

Производителите на нафта во ОПЕК + ги повикаа другите земји да се приклучат на алијансата. Антонио Ондо, министер за рударство и јаглеводороди на Екваторијална Гвинеја, оцени дека зголемувањето на бројот на земјите членки на ОПЕК + ќе придонесе за транспарентноста и предвидливоста на пазарот.

Министерот за енергетика на Азербејџан Парвиз Шахбазов изјави дека мора да се размислува за иднината на организацијата и иднината на индустријата. Тој посочи дека инвестициите во нафтената индустрија се во опаѓање, како и дека поради ова е потребна поширока дискусија“, пренесува Комерсант. Тој рече дека инвестициите во секторот изнесуваат 900 милијарди долари годишно, а во 2021 година биле само 300 милијарди.

Министерот за енергетика на ОАЕ Сухејл ал Мазруи рече дека побарувачката за јаглеводороди се зголемува, но и побарувачката за нафта. Проблемот, според него, е што нема доволно инвестиции. Според мајскиот извештај на организацијата ОПЕК, инвестициите минатата година се зголемени за 20 отсто, на 431 милијарда долари, пренесува Комерсант.

Покрај членките на ОПЕК, ОПЕК + ги вклучува Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Русија, Судан и Јужен Судан. Заедно со Саудиска Арабија, Русија е неофицијален лидер на здружението со 14 отсто од светското производство на нафта. Земјите од ОПЕК + во октомври минатата година одлучија да го намалат дневното производство на нафта за два милиони барели до крајот на 2023 година.

Организацијата на земји извознички на нафта ОПЕК е основана во 1960 година во Багдад, а од 1965 година нејзиното седиште е во Виена. Земји членки на ОПЕК се Алжир, Индонезија, Ирак, Иран, Кувајт, Либија, Нигерија, Катар, Саудиска Арабија, ОАЕ и Венецуела.