Андреа Педраза, производител на чоколадо од Тексас и голем љубител на високите потпетици, реши својата пасија да ја претвори во слатко задоволство. Имено, Педраза за Денот на вљубените произведе уникатен подарок кој ја спојува модата и чоколадото во едно –чоколадни чевли.
Нејзините “креации” се чоколадни потпетици во стилот на Christian Louboutin, познати како Лобутинки. Овие вкусни задоволства доаѓаат во различни дезени, како зебра принт и полкови точки.
Цената на овие вкусни чевли се движи од 30 до 55 долари. Дополнување на потпетиците со ектра чоколадо чини екстра. Педраза вели дека нејзини најчести потрошувачи се мажите кои во чоколадните потпетици гледаат одличен подарок за партнерката на Денот на вљубените.