Чоколадото веќе никогаш нема да биде исто

126

Одамна се шпекулира дека поради промена на временските услови се намалува родот на какао во светот, што може да предизвика недостиг на оваа основа суровина за производство на чоколадо и да ја зголеми неговата цена.

Поради тоа, се развиваат најразлични начини за да се овозможи непречен процес на производство на чоколадо. Веќе некое време се тестира алтернатива за производство на чоколадо не само од зрното какао, туку од целото растение.

Швајцарскиот производител на чоколадо, Barry Callebaut развива нов метод, којшто според странските медиуми, ја “извлекува“ чоколадата од целото растение и користи каша. Се верува дека преку овој процес, чоколадото ќе содржи 90% повеќе влакна, 25% повеќе протеини и 40% помалку шеќер од темното и млечното чоколадо.

Доколку ваквиот начин на производство даде резултат, може да се инкасираат околу 24,5 милијарди долари од продажба.

Фото: Pexels