Човек постави фрижидер пред куќата за да ги нахрани сиромашните

25

a

Човек што живее во градот Хаил, Саудиска Арабија, излезе со брилијантна идеја како да се нахранат сиромашните луѓе во неговото соседство и да го избегнат срамот од питачењето.

Човекот, кој сака да остане анонимен, инсталирал фрижидер на улицата пред неговата куќа и ги поканил соседите да донираат од својата екстра храна, така што гладните луѓе би можеле да дојдат и да јадат.

Идејата доби меѓународно внимание кога верскиот научник Шеик Мохамед Ал Арифи го пофали овој чин на милосрдие на својот Twitter профил со слика од фрижидерот.

“Јас отсекогаш викав дека народот на Хаил е великодушен. Еден човек го става фрижидерот пред неговиот дом за вишокот на храна – индиректен чин на милосрдие за сиромашните”, рекол Шеик Мохамед Ал Арифи, објави BBC.