Christian Roth и Eric Domege ја споделија инспирацијата за нивните безвременски креации

41

3s3a7784

За да се постават темелите на авангардните креации на очила и да се издигнат очилата како врвен моден додаток потребна е неизмерна пожртвуваност и инспирација. Christian Roth е светски познатиот дизајнер кој заедно со неговиот партнер Eric Domege во Dioptra Couture на плоштад Македонија, ги споделија корените на нивната инспирација и храброст што отвори нов свет на модата. Тие ја презентираа и својата нова линија на очила креирана заедно со Dita Eyewear и достапна во Македонија преку Dioptra Couture, стои во соопштението.

Пред да започне со својата работа на модните писти во 1980-те години, очилата биле само еден додаток што ги надополнувал модните креации. Christian Roth со макотрпна работа и преку соработка со италијанските и француските фабрики се трудел да создаде нешто повеќе, нешто врвно. Тој успеал да ја зацврсти репутацијата на очилата како сериозна модна креација којашто не е само додаток, туку како надополнување на нечиј карактер. За време на настанот, тој ги сподели и нивните искуства од работата со врвните креатори Karl Lagerfeld и Michael Kors.

Christian Roth и Eric Domege пред присутните ги претставија дизајните на очила, потенцирајќи ја нивната уникатност преку препознатливиот дизајн во којшто се користи врвна технологија. Секој пар на очила е создаден со посебна технологија и материјали, користејќи методи кои се толку ретки што ја прават нивната линија на очила единствена во светот. Воедно, материјалите со кои се произведуваат очилата можат да се најдат само на неколку места на планетата. Еден вид на очила е направен со посебен камен којшто може да се најде само на еден мал остров близу Венеција и Christian Roth е еден од дизајнерите кој има пристап до специфичниот производен процес.

“Брзината со која се движи модата во ова модерно општество е инспирација за новото, следното и сегашното. Сепак, авијаторските и гламурозните форми се безвременски. Тие му дозволуваат на тој или таа што ги носи да ја покаже својата индивидуалност и моден сенс. Трендовите се појавуваат и исчезнуваат секојдневно. Но, никогаш не постои прашањето дали нешто ќе се врати, туку кога ќе се врати. Секогаш кога некој дизајн ќе се појави повторно генерацијата поставува свое значење на истиот“, истакна Christian Roth.

На настанот присуствуваа познати личности како италијанскиот амбасадор Карло Ромео, Анкица Стојановска, Сара Мејс, Висар Вишка, Фросина Фран, Цаци Паковска, Влатко Лозаноски, Димитар Атанасовски, Павле Камилоски, Катерина Стевковска, Дарко Спејко и други.