Многу успешни луѓе имале и имаат свои чудни навики за коишто веруваат дека ги смируваат, фокусираат и им помагаат да бидат најдобрата верзија од себе. Еве неколку од нив.
Џеф Безос
Основачот на Amazon сака да мие чинии. Милијардерот колку и да е зафатен после вечерата, сака да ја среди кујната. Тој вели дека едноставно ужива во таа навика.
Стив Џобс
Во еден период од својот прерано згаснат живот, Џобс со недели јадел само моркови. Тој беше поборник за веганска исхрана, па неретко консумираше само по една или две намирници (овошје или зеленчук) истовремено на подолг период.
Сајмон Кауел
Медиумскиот магнат многу сака да се качува по дрвја, па во својот распоред секогаш наоѓа време да излезе во природа и да погледне од “малку повисоко“.
Јоширо Накаматсу
Легендарниот јапонски изумител го држи својот здив во вода до точка на давење. Човекот кој зад себе има 3.300 патенти вели дека токму во тој момент му доаѓаат идеите.
Марк Цукерберг
Основачот на Facebook носи иста облека. Сивите маички со кратки ракави се негов заштитен знак. Тој вели дека токму тоа му помага да остане фокусиран на важните работи во текот на денот.
Ричард Брансон
Првиот човек на Virgin, британскиот мега успешен бизнисмен Ричард Брансон, пие до 20 шолји чај на ден, секој ден.
Бил Гејтс
Технолошкиот могул и основач Microsoft кога размислува или треба да одлучи нешто седнува на стол што се ниша и се релаксира. На тој начин вели дека ги донесува најдобрите одлуки.
Фото: Pixabay