Cineplexx организира семеен викенд по повод Божиќните празници

45

Semeen-vikend-Cineplexx1-480x320Киното Cineplexx по повод претстојните Божиќни празници ќе организира семејна забава исполнета со многу активности.

Почнувајќи до денес па до недела, најмладите и нивните семејства ќе можат да уживаат во филмовите кои се на репертоарот на киното.

Љубителите на филмот ќе можат да ги погледнат новите неделни филмови, акциониот Џек Ричер и хоророт Тексашки масакр со моторна пила 3D.

Дечињата ќе се дружат со ликовите од Ѕвончица и тајната на крилјата 3D, Хотел Трансилванија, Храбрата Мерида 3D, Растури ги Ралф 3D, и Пет легенди 3D.

Во периодот од 12 до 17 часот, во холот на киното за најмладите ќе биде приредена забава и дружба со маскотите, Пуканка (Cineplexx), Зајакот (Nesquik) и Мечето (Haribo) кои активно ќе ги анимираат посетителите и ќе се фотографираат со нив.

Nestlé Adriatic и Nesquik ќе им го збогати уживањето на дечињата со своето чоколадно млеко. Тие ќе можат да ja вкусат својата омилена напивка за време на посетата. На секое дете со купен кино билет ќе му бидат подарени и  Haribo гумени бонбони.

Во соработка со PlayStation ќе биде поставен стенд со играта Sport Champions 2, преку која ќе може да се симулира натпреварување со скијање и тенис.

Во текот на овој викенд посетителите ќе можат и да го купат семејното мени по намалени цени. Киното Cineplexx во недела ќе работи со скратено работно време до 18.30 часот.