Cinipravustvar – прва платформа за групно финансирање во Хрватска

41

cini pravu stvar

Хрватска ја доби првата платформа за групно финансирање (crowdfunding) под името Cinipravustvar.hr, пишува Пословни дневник.

За една недела на платформата, што ја разви Vipnet, се регистрирани 21 здружение, девет амбасадори, започнати се девет донаторски кампањи и собрани се донации од 130 куни (околу 17 евра).

Оваа хрватска платформа им овозможува на граѓаните преку нивните дебитни или кредитни картички без провизија да уплатат донација на проектот што сакаат да го поддржат.

Единствени земји членки на Европската унија, коишто немаат сопствена crowdfunding платформа се: Словенија, Латвија, Литванија, Луксембург и Малта. Од друга страна, Велика Британија е европски лидер со 65 платформи за групно финансирање.