Фото: Kickstarter
Cirrus е иновативен туш на истоимената француска компанија, којшто нуди заштеда од 75% на вода во текот на едно туширање.
Тушот користи таканаречена cloud maker технологија, којашто придонесува за заштеда на вода, поголема термичка ефикасност и 10 пати поголема покриеност на површината.
Доколку едно просечно семејство го користи иновативниот туш, во тој случај заштедите на вода на годишно ниво се проценуваат на околу 15.000 литри.
Во внатрешноста на Cirrus се поставени филтри коишто ја задржуваат нечистотијата и го намалуваат нивото на хлор во водата. Поставувањето на овој туш е едноставно и трае неколку секунди, без потреба од било каков алат.
Cirrus го претстави својот проект на глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter, од каде првично побара поддршка од 10.000 евра. На 36 дена пред крајот на кампањата, тушот успеа да собере околу 75.300 евра.