Citibank размислува за поголем ангажман на Балканот

56

citibankАмерикската Citibank размислува за поголем ангажман на Балканот, особено во Србија, изјави директорот на претставништвото на банкарската групација Citi Group во Белград, Предраг Радовачки, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на Бета.

Радовачки, кој е директор на претставништвата за Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Албанија изјавил дека банката има широка палета на производи која се нуди на 160 национални пазари во светот каде што е присутна и дека е подготвена веднаш да ги понуди и во Србија. Банката тоа би го сторила во партнерство со меѓународните банкарски институти и други банки кои работат на српскиот пазар.

Citibank во Србија отвори претставништво во 2007 година.