Citibank затвора повеќе од половина филијали во Грција

31

Американската банкарска компанија Citigroup ќе затвори 21 од вкупно 37 филијали во Грција. Како причина за тоа ја наведува рецесијата што ја погоди оваа земја.

Банката ќе ги затвори сите филијали, освен оние во Солун и Атина, стои во соопштението. Со овој потег ќе се затворат 170 работни места.

“Моменталната економија и бизнис опкружвање бараат адаптибилност… ќе се фокусираме повеќе на инвестиции, депозитни производи и кредитни картички”, изјави портпаролот на органокот на оваа банка во Грција.

Уште две странски банки, француските Credit Agricole и Societe Generale неодамна најавија дека ќе го продаваат бизнисот во Грција.

Поради кризата, од Грција веќе се повлекоа неколку компании, како Fnac, Carrefour, Saturn Hansa, британскиот ланец Costa Coffee, а шведската Ikea им ги намали платите на вработените.

Citi на грчкиот пазар е присутен од 1964 година.