CityHub – апликација за поубав и почист град

70

cityhub

Хрватскиот град Осиек ќе ја добие првата мобилна апликација преку која сите граѓани ќе можат да пријават било каков проблем до градските власти на едноставен начин, пишува ХРТ.

Станува збор за апликацијата CityHub преку која граѓаните на Осиек ќе може да пријават проблем и потоа да го следат неговото решавање. Од друга страна, CityHub ќе и овозможи на градската управа следење на активностите и ефикасноста на своите вработени, давајќи им да користат нова алатка со која се покажува поголема транспарентност на локалната самоуправа.

Граѓаните штом забележат лош графит на ѕид од зграда или пак доколку е расипано јавното осветлување, ќе можат да направат фотографија, а CityHub ќе ја забележи фотографијата, локацијата од каде што е направена и времето и сето тоа го испраќа во Cloud сервис. Администраторот во градската управа ќе го разгледа проблемот, па доколку не е во областа на комуналните дејности, ќе го проследи до надлежните институции.