CityHub е хотел сместен во поранешно индустриско складиште во Амстердам, а е наменет претежно за млади луѓе кои водат дигитален начин на живот.
Овој дигитален хотел има 50 несекојдневни соби, коишто се нарекуваат Hub. Во секоја од нив има голем кревет за двајца, Wi Fi, како и осветлување што се контролира со помош на паметен телефон.
Секој посетител на овој хотел преку посебна мобилна апликација ќе ги добие сите потребни информации за обиколка на Амстердам, неговите убавини, знаменитости и настани што во тој момент се актуелни.
Преку истата апликација, сите гости на хотелот може заеднички да се поврзат и да ги споделуваат своите искуства и да препорачуваат одредени места или настани.
Цените за една соба почнуваат од 39 евра за време на работни денови, додека за викендите се околу 100 евра.