Фото: Pixabay
Американската авиокомпанија United Airlines неодамна отвори свој ресторан под името Classified, пишува Business Insider. Она што е интересно за него е селекцијата на гостите и скриената локација.
Авиокомпанијата има свој начин на бирање на гостите. Тие испраќаат мејл до одбраните патници каде што пишува дека се поканети во Classified. Гостите првично се упатени во францускиот ресторан Saison каде што само треба да го информираат персоналот дека имаат покана да влезат во Classified, којшто е во неговата внатрешност.
Просторијата има вкупно место за 36 гости, а нарачките се прават преку таблет. Менито е богато со специјалитети, од морски плодови, скапи коктели и десерти до првокласно месо и интересни сосови. Оброците се движат од 15 долари за пилешки сендвичи до 120 долари за коктел од морски плодови.
United и партнерот во овој потфат, OTG, не кажуваат на кој начин ги бираат патниците да влезат во ресторанот. Сепак, оние кои се членови на елитниот клуб на компанијата, односно тие што имаат поминато повеќе од 100.000 милји (160.000 километри) годишно со United имаат големи шанси.