Claxi ја претстави Македонија на Seedstars World 2015

18

logo

Македонската апликација за повикување такси – Claxi ја претстави Македонија на Seedstars World настанот, којшто претставува најголема меѓународна мрежа за претприемачи од делот на брзо растечки старт – ап бизниси.

Настанот се случи на 22-ри овој месец во Белград, каде Claxi се претстави заедно со најдобрите 10 старт – ап приказни на Балканот годинава.

“На најголемиот меѓународен настан за – Seedstars World кој се одржува во 50 градови низ светот, се претстави и Claxi, со цел да го претстави концептот и бенефициите за корисниците, а истовремено и да ги отвори вратите за потенцијални партнерства на странскиот пазар. Во моментов, тимот на Claxi работи на лансирање на оваа апликација во Србија, Хрватска, Камерун и Илиноис“, се вели во соопштението.

На овогодинешниот настан во Белград од над 500 пријавени стартапи, на 22-ри септември, влегоа само 10 најуспешни и најкреативни бизниси, меѓу кои и Claxi – македонската мобилна апликација за повикување такси.

Јавната презентација на овие бизниси беше одржана вчера, а настанот продолжува во Швајцарија каде најдобрите 50 стартапи од сите полуфинални локации ќе имаат можност да се претстават и да се натпреваруваат за инвестиции во вредност од 1,5 милиони долари. Тимот на Claxi, оваа година активно работи на проширување на странските пазари преку отворените повици за партнерства и нивното претставување на неколку светски настани како CeBIT 2015, Web Summit 2015 и други.