CliQ – безжичен сензор што го олеснува модерното живеење

16

63a9da431478c169f8845ace1ed3c86f_original

Фото: Kickstarter

CliQ е мини сензор што го потсетува, алармира, известува, својот корисник и го олеснува модерното живеење. Уредот може да ги вклучи светлата кога влегува, да пушти музика кога некој ќе се придвижи или да извести ако некој важен предмет е поместен од местото.

Со сензорот може сè да се автоматизира, од паметни уреди во домот до апликации на мобилниот телефон. CliQ ја следи и секојдневната рутина на корисникот, како наводнување на цвеќиња, хранење на милениче, редовно вежбање и слично. Сензорот овозможува интегрирање на омилените апликации за нивно стартување без да го користи телефонот. Ги штити вредните работи во домот со помош на напреден детектор на движење, помага да остане во добра форма и да ги остави лошите навики.

CliQ се активира на три различни начини, со едно кликнување, две кликнувања и брзо затресување, па корисникот може да одреди различна функција за секој од нив и да ги менува по потреба.

Производот има своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter и досега има собрано 51.596 долари од потребните 50.000 долари. Кампањата трае уште 32 дена.