CNN: Србија меѓу 18 топ дестинации што треба да се посетат во 2018 година

56

serbia-2531929_960_720

Фото: Pexels

Американската телевизиска мрежа CNN направи листа на 18 туристички дестинации што треба да се посетат во 2018 година, а меѓу нив е и Србија којашто е единствена земја од регионот.

На листата се наоѓаат многу познати, но и непознати градови и држави, а Србија се најде на четвртото место на најдобри дестинации.

Србија, како што пишува CNN, привлекува со исклучителни пејзажи и богата историја. Копаоник и Златибор нудат можности за зимски спортови и засолниште во текот на летото во епска планинска средина. Националниот парк Тара со своите клисури и природните убавини во Ѓавола Варош, опишан како геолошки спектакл на чудни карпести врвови.