CNN започнува со емитување на вести во виртуелна реалност

26

vr

Фото: Pixabay

Американската телевизиска куќа Cable News Network (CNN), објави дека започна секција наменета за дистрибуција на вести во виртуелна реалност CNNVR, пишува Engadget. CNN експериментираше со виртуелната реалност неколку години, правејќи над 50 новинарски стории во видео од 360 степени.
Потпретседателот на CNN, Џејсон Фаркас, вели дека оваа технологија ќе им овозможи на новинарите да ја “прошетаат“ публиката и да остварат траен впечаток.

“Верувам дека VR е најмоќната алатка за да ја постигнеме таа цел. Имате чувство како да патувате низ времето. Ги ставате слушалките и одеднаш сте на друго место, чувствувајќи ја приказната“, вели Фаркас.

Првата приказна на CNNVR е за трката со бикови во Памплона, Шпанија. Во текот на петминутното видео, гледачите можат да ја ротираат камерата 360 степени и да погледнат каде што сакаат. CNNVR видеата се достапни на Chrome и Firefox преку IOS и Android апликациите, Samsung GearVR, Oculus Rift и Google Daydream.